
Горан Ангелов – Ќосето, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година испрати нова порака од затвор преку социјалните мрежи. Во неа, тој вели дека веќе осум години издржува казна „за Македонија“, оддалечен од своите деца, кои, според него, „пораснале без него“, а сограѓаните го осудувале и го нарекувале предавник.
8 години скапуваш за Македонија 8 години децата не си ги видел пораснале!И Македонците и ради некој клип исечен монтиран додаван замислете си, Македонците ти пишуат предавник а ти се уште лежиш за тие шо немаа храброст да сторат нешто. Си ратуел 2001 додекка они спиеле и се криеле, те судат за терорист за 27 април оставаш фам и одиш да лежиш и пази Македонците највеќе плукаат. Ти си „предавник”
А ти се караш со бугари со Албанци јавно се замеруеш за кого бе?!
Ја знам кој сум и шо сум а вие знаете за вас?!
Не заслужувате со к да мрдне човек за вас!
Искрено не знам шо народ ќе бевте да си го мразите своето или љубоморите на големината моја, ви смета, епа ела лежете по затвори и борете се можеби и вас ќе ве направат предавници па ќе бидете и тогаш големи.
Само да ви кажам црното добро ми стои а и негативната реклама е сепак реклама, фала ви на сите шо ме плукавте!
Фала ви многу и пријатно!, напиша Ангелов – Ќосето.