Skip to main content

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина во Велес, посочи дека борбата која ја води СДСМ не е само политичка, туку човечка, врз социјалдемократските вредности за достоинството на секој човек што живее од својата плата, за младите што ја гледаат својата иднина дома, и за пензионерите што заслужуваат сигурна старост.

„Да биде јасно: оваа борба не е само за СДСМ. Ова е борба за достоинството на секој човек што живее од својата плата. Ова е борба за работничката класа, за младите што не сакаат да заминат, за пензионерите што не треба да бројат денови до следната пензија,“ истакна Филипче.

Тој додаде дека сега е вистинскиот момент граѓаните повторно да се обединат и да ја изградат силата што ќе ја врати државата во рацете на народот.

„Да ја вратиме надежта дека во Македонија може да се живее чесно, со труд, со работа што се цени. СДСМ е движење за слобода, за правда и за еднаквост,“ рече лидерот на СДСМ.

Филипче додаде дека СДСМ е партија која секогаш била со народот и дека без СДСМ нема борба и нема слобода.

„Без вас нема СДСМ, без вас нема борба, нема слобода. Затоа, токму од Велес да испратиме порака: се бориме за нашите луѓе. Се бориме за нашите плати. Се бориме за нашата иднина,“ потенцираше Филипче.

Поврзани вести