
Венко Филипче денеска беше прашан за пораката од Димитар Ковачевски во однос на овие дата-центри и дали има разногласие во СДСМ, Филипче рече „раскол на тоа ниво со Димитар Ковачевски никогаш немало по ниедна тема“.
– Не е раскол, туку доказ дека ние сме вистинска демократска партија и сечие мислење се цени и може да се каже во јавноста – изјави Филипче.
На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, меѓу другото, објави дека како алиби за распишување избори постоел договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со процедурална интервенција од страна на пратеничката група на интегративците да се блокира работата на Собранието и тоа би водело кон предвремени избори. а

Македонски


