
Македонската младинска женска ракометна репрезентација го претрпе третиот пораз на Медитеранските игри 2026, откако попладнево загуби од Алжир со 23-37 во рамки на 3. коло во групата А
Македонската репрезентација, која е меѓу најмладите на женскиот ракометен турнир во Таранто, одржуваше резултатска неизвесност во воведните десетина минути, но противникот со неколку серии врзани голови постепено го зголемуваше водството и на полувреме замина со предност од 20-11.
Алжир и во продолжението максимално го користеше неискуството на македонските ракометарки и на крајот извојува убедлива победа со 14 голови разлика.
Најефикасна ракометарка во македонските редови беше Јована Павиќевиќ со четири голови.
Македонските ракометарки в петок ќе се соочат до домаќинот Италија, а во последното коло од групната фаза, в недела, ќе играат против Косово.

Македонски


