Skip to main content
lEZaw2F4GbM

Гужвите на „Табановце“ стивнаа: Дали српските туристи почнаа да одат преку Бугарија?

Kaмерите од двете страни на границата покажуваат дека се намалени гужвите на „Табановце“ и Прешево. и на македонската и на српската страна од границата има по десетина возила што е речиси ништо за она што се случуваше минатата недела кога почна наплатата на казните од „Сејф Сити“ за странците.

Тоа предизвика револт кај српските туристи кои на враќање од Грција ги пречека непријатно изненадување. Без да ги платат казните не можеа да излезат од Македонија. Сега веќе има повеќе пунктови за наплата, а глобата можат да ја платат и преку апликација.

Дел од српските туристи веројатно за Грција заминаа преку Бугарија како што најавуваа на социјалните мрежи, а за враќање некои и и го користат граничниот премин „Прохор Пчињски“ каде се уште нема систем за наплата на казни.

Поврзани вести