
Украински дронови со долг дострел погодија и целосно уништија магацин на руската компанија „Вајлдбериз“ (Wildberries) во Тамбовската област, југоисточно од Москва и неколку стотина километри од украинската граница.
Компанијата „Вајлдбериз“ го потврди нападот, но не наведе колкава штета претрпел објектот. Гувернерот на Тамбовската област, Јевгениј Первишов изјави дека пожарот целосно го уништил логистичкиот центар и оти повредени се две лица.
Најголемиот онлајн продавница во Русија вторпат за повеќе од еден месец е мета на украинските напади. На 18 јули при напад врз „Вајлдбериз“ загинаа седум луѓе.
Украина тврди дека цел на напади е „Вајлдбериз“ бидејќи продава опрема и технички компоненти што ги користи руската војска.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа биле соборени 426 украински дронови над 15 руски региони и Крим.

Македонски


