Skip to main content
ЛИЧНОСТ НА НЕДЕЛАТА

Фацата и фразата што сакаме да ги заборавиме

а, не смееме...

Рубриката личност на неделата обично се посветува на некој што таа недела се истакнал со своите недела. Ова е првпат да се посветува поради отсуство на дела. На личноста што сакаме, а ниту можеме ниту смееме да ја заборавиме:

Зоран Заев

Општественик, економист, социјалдемократ, поранешен премиер на Cеверна Македонија. Ова е описот кој стои под неговите профили на социјални мрежи.

А, ете, поминаа една недела од најцрната трагедија која ѝ се случила на земјата, а овој општественик немаше ни доблест ни лице(мерие) да испрати телеграма со сочувство.

Овој економист не успеа во тие пет дена да се организира и преку својата фондација веднаш и директно да помогне на оние најпогодените.

Овој социјалдемократ немаше ни С од социјал кога остана нем и глув на она што му се случува на неговата „жица“.

Овој поранешен премиер како да не постоел.

Да, за многумина од нас најдобро ќе е оваа штеточина, ‘рѓа од човек никогаш никаде веќе да не ја видиме или чуеме. Да заборавиме на цела штета што ни ја нанесуваше со години и од која уште пробуваме да се опоравиме.

Арно ама, не можеме и не смееме. Зошто е добро човек да се потсети како порано сме ги поминале трагедиите кои ни се случиле и во цела тага и бес кои ги чувствуваме да кажеме – не е исто.

Во вторникот во Тетово, три и пол години по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово во кој живи изгореа 14 луѓе, почна главната расправа на повторното судење, која досега четири пати беше одложувана. За пожарот, за кој беше утрврдено дека е настанат поради лоша електроинсталација, а за кој експерти од Германија помагаа во истрагата која траеше со месеци, денеска им се суди само на тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми кои се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и на правното лице ЈЗУ Клиничка болница за делото „предизвикување општа опасност“.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

А, Апелацискиот суд во Гостивар во април 2024 година донесе решение повторно да има судење за двајцата поранешни директори и Клиничка болница како правен субјект. Процесот требаше да почне на 26 јуни 2024 година, но се одложуваше за 25 септември 2024, потоа за 5 ноември 2024 година и за 15 јануари 2025 година.

И тоа е тоа народе.

Не му се суди ни на кабелот. Иако него го прогласија за виновен.

Да не зборуваме дека автобусите на Дурмо турс уште возат, дека техничките станици кои дадоа амин за тој и за автобусот на смртта од Беса транс уште работат.

А, во најболните моменти за семејствата во таа 2021 година, кога според стандардите на тогашната власт, новинарите поставуваа многу прашања за кои „нема што тие да даваат одговор“, се случи и оваа изјава:

Што треба сите да се посипеме со пепел или бензин и да се запалиме?!

И тогаш одговоривме исто. Слушајќи го и сега истиот одговор ни доаѓа на ум.

Да не го заборавиме. Да не му простиме. Еден ден пак секојдневно да го гледаме. Со метални украси на рацете.

Поврзани вести