Skip to main content

Eвропската демократска партија донесе одлука за обединување со ДУИ

Европската демократска партија на Аријанит Хоџа донесе одлука да отвори процес на обединување со Демократската унија за интеграција. Одлуката била разгледана на синоќешната седница на Централното собрание на ЕДП, на која официјално била анализирана поканата за обединување упатена од ДУИ.

Од Европска демократска партија соопштуваат дека Централното собрание ја оценило актуелната политичка состојба како значајна за можен процес на политичко обединување на Албанците. Во соопштението се наведува дека целта е појасно и посилно артикулирање на албанскиот политички глас, особено во контекст на последниот конгрес, промените и усвоените резолуции на Демократска унија за интеграција.
Централното собрание оценило дека треба да се даде шанса на обединување во рамки на една политичка партија која и понатаму ќе претставува главен политички субјект на Албанците во Македонија.