
Експертите за селективност нас нè обвинуваат дека ние правиме селективност. Селективност или било каков коментар поврзан со сето ова што се случува за трагедијата во Кочани е од голема штета за истрагата која се води во периодов, прецизираше во своето излагање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска-Трајкоска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Стаменкоска-Трајкоска истакна дека потребно е да се остави да се заврши истрагата од страна на органите и и постави прашање на Јованка Тренчевска, од СДСМ која исто беше гостинка во емисијата зошто немало вакви рекации од нивна страна кога станувало збор за другите несреќи што се случуваа, зошто немало реакции за целиот криминал за кој апелирале дека постои со докази.
Сега имаме состојба во која се ловат дневно политички поени за да се поентира за нешто, се обвинува за нешто, само за дневни политички поени. Впрочем сите апелираме да се остави истрагата на органите, на институциите ова е нешто трагично што се случи за Македонија, зарем сега треба политички поени да се вадат? Зошто немаше вакви реакции од ваша страна кога стануваше збор за „Беса“, за „Ласкарци“, за другите несреќи што се се случуваа, зошто немаше вакви рекации за целиот оној криминал за кој апелиравме дека постои со докази, категорична е Стаменкоска-Трајкоска.
Стаменкоска -Трајкоска и укажа на Тренчевска во однос на нивните обвинувања за селективност дека во суштина самите го критикуваат обвинителот Коцевски кој СДСМ го изгласаа.
Според вашето тврдење, значи според сите логички размислувања селективноста во Македонија поврзано со случајот за Кочани ја прави обвинителот што вие го избравте. Вие самите си го критикувате вашиот избор. Да не се мешаме во истрагата, да не се мешаме во процесот, да видиме обвинителството што ќе извади, па после тоа и ние да реагираме како пратеници со одредени активности во Собранието кој ќе ја зголемат надзорната улога на сето она што се случува, децидна е Стаменкоска-Трајкоска.
Стаменкоска-Трајкоска посочи дека парламентарното мнозинство е сосема стабилно. Таа додаде дека голем е бројот на пратеници во Собранието кои ја поддржуваат Владата. Таа додаде дека на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ нема да коалицира со некој кој коалицира со некој кој што дупло игра, или некој кој што сака да прави коалиција со онаа политичка партија која што правела штета во минатото, а тоа е ДУИ.
И те како е стабилно парламентарното мнозинство, таа тема мислам и дека треба и веќе да ја затвораме, заради тоа што станува збор за многу голема бројка на пратеници кои се приклони кон поддржување на Владата која носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, заклучува Стаменкоска-Трајкоска.