Skip to main content

Дудуш: Ова е историја за Шуто Оризари, никогаш порано не се вложувало толку во оваа општина

Принтскрин од видео

Години наназад, овој ден 8-ми Април се одбележуваше со протести, со искажување на незадоволството на Ромите кон институциите, кон Владите кои беа во изминатите години. Но денеска стоиме тука заедно со Владата, заедно со премиерот, со министри и градоначалници за да презентираме нешто ново, позитивни работи и проекти, истакна денес градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Презентираме проекти за општина Шуто Оризари кои во историјата претходно не биле запамтени. Презентираме вкупно 58 проекти во вкупна вредност од 4 ипол милиони евра. Тоа е историја за Шуто Оризари и никогаш порано не се вложувало толку во оваа општина. Затоа благодариме на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски, рече Дудуш.

Поврзани вести