Skip to main content

Директорот на Царинската управа на регионална конференција за напредокот на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ

Директорот на Царинска управа учествува на конференција на високо ниво „Создади, интегрирај, овозможи раст“, што се одржува во Бечичи.

На конференцијата ЦЕФТА страните информираат за проектите коишто се дел од Планот за раст, но и за севкупните политики коишто ги преземаат Царинските управи во областа на олеснување на трговијата, а како дел од реформскиот процес за забрзана интеграција во ЕУ.

Целта на конференцијата е презентација на резултатите, споделувања на искуства во имплементација на проектите што ги спроведуваат институциите.

Посебно осврт се даде на Планот за раст во рамки на којшто Царинската управа предвидува понатамошна дигитализација на царинското работење и усогласување со системите во ЕУ. Во рамки на Планот за раст предвидена е имплементација на нов компјутеризиран транзитен систем – фаза 6, нов автоматизиран извозен систем, како и нов систем за контрола на увозот. Целта е создавање на целосно дигитално царинско работење во секој сегмент и поголема сигурност на стоките што влегуваат и излегуваат од државата.

Во рамки на конференцијата се одржа и завршниот состанок на Управувачкиот комитет за имплементација на проектите „Поддршка за регионалната економска интеграција“ и „ЕУ за бизнисот: поттикнување на заеднички регионален пазар преку квалитетна инфраструктура и е-трговија“ финансиран од ЕУ и ГИЗ. На состанокот беа презентирани резултатите реализирани во рамките на проектите за поддршка на е-трговијата, овластен економски оператор и управување со ризик, како и поддршката на ЦЕФТА структурите во нивните напори за понатамошно продлабочување на регионалната економска интеграција и усогласување со законодавството на ЕУ.

Поврзани вести