
Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран? Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој Македонија ја спореди со Иран и со Венецуела.
По ваквата изјава од владејачката партија велат дека СДСМ е потоната во свој микросвет, во кој сите се лоши, а само тие се добри.
„Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран? Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?“,прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски


