
Дали Аки Акиов, советникот од СДС кој нападна вработена во Советот на општина Кочани, сам решил да го направи истото или некој му дал зелено светло?Насилството доаѓа од партиски кадар на СДС, Филипче молчи и не се оградува од Акиов, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Дали тоа значи дека тој ги тестира границите или можеби станува збор за враќање на услуга или затоа што ако прозбори може да се открие валканата мрежа што Филипче ја прикрива откако ја презема партијата?
Дали насилството е дел од стратегијата на СДС, или да креира тензии, да ја дефокусира јавноста и да создава паника?
Дали Филипче и неговиот идол Заев му дале зелено светло на Акиов за вакво однесување?, прашува владејачката партија.
Кога советник од партија на чие чело е Филипче врши насилство, а партискиот врв молчи тоа веќе не е случајност туку е план.
Дали ова е генерална проба или режија на СДС за предизвикување на паника во јавноста?
СДС продолжува да биде систем за заштита на насилници.