Skip to main content

Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност

Владата на денешната седница ја одобри информацијата од кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро управување Арбен Фетаи, со која сите државни институции се обврзуваат да ја пријават државната сопственост со која управуваат.

Институциите се должни во рок од 30 дена да пополнат дигитален формулар, во кој ќе бидат евидентирани сите податоци за државниот недвижен имот во Македонија. Овие податоци ќе бидат управувани од Министерството за дигитална трансформација и ќе обезбедат јасен преглед на државниот недвижен имот во земјата, соопшто кабинетот на Фетаи .

Врз основа на собраните податоци, се очекува да се создаде Централен регистар за државен недвижен имот, кој ќе биде формализиран по усвојувањето на Законот за централен регистар на државен недвижен имот. За изготвување на овој закон, кабинетот на заменик-претседателот на Владата Фетаи ќе ги искористи хрватските практики.

Коментирајќи ја денешната одлука на Владата, Арбен Фетаи изјави дека Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност. Вели дека целта на Регистарот е да го подобри управувањето и да спречи можни злоупотреби со државниот имот.

Поврзани вести