
На социјалните мрежи се споделуваат пораки за помош поддршка од секаков вид на семејствата на повредените и загинатите во трагичната несреќа во Кочани од сите балкански држави. Секој помага со што може, а пораките за благодарност укажуваат дека Македонија и Балканот држат лекција за солидарност!
Македонија и целиот Балкан држат лекција за солидарност!
За жал, несреќите нѐ учат дека само со заедништво може да опстане нашиот заеднички дом!
Од утре уште помасовно – потребно е дарување крв, финансиска помош, превоз, сместување, лекарски прегледи…
БУДЕН Е БАЛКАНОТ ЗА КОЧАНИ
Ви благодариме, од цела Македонија
