
Мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на 2000 вијали со медицинскиот раствор „Гадонанс“, кои биле сокриени во кабината на товарно возило на граничниот премин Деве Баир. Медицинските препарати се запленети, а против сторителот е поднесена кривична пријава за криумчарење.
Со оваа акција уште еднаш покажуваме дека ја штитиме не само финансиската стабилност на државата, туку и здравјето на граѓаните. Медицинските препарати подлежат на строги услови за увоз, транспорт и складирање, а секој обид за нивно нелегално внесување ќе биде најстрого санкциониран.
Од почетокот на годината, Царинската управа спречи 13 обиди за криумчарење и заплени околу 29000 парчиња лекови и медицински препарати.

Македонски



