Skip to main content

Благодариме!

Благодарност до земјите кои и помогнаа на Македонија во најтешките мигови. Пожарот во Кочани однесе 59 млади животи. Преку 200 повредени лица. Македонија, а и ниту една друга земја, не може сама да се справи во ваква ситуација.

Искрена благодарност за солидарноста, отвореноста и подготвеноста да помогнат во овие исклучително тешки моменти.

Нивната поддршка значи многу – не само од медицински аспект, туку и како израз на човечка блискост, хуманост и доказ за одличните пријателски односи што ги негуваме.

Поврзани вести