Skip to main content

Без масовна излезеност на денешниот протест – се скандираше „убијци“, „уа профитери“

Принтскрин

Со далеку помала масовност од најавуваната, но со жестоки скандирања „убијци“, „уа профитери“ и „ние сме системот“, пред Владата се одржа протестен собир на граѓани по трагедијата во Кочани. Проценката е дека околу 3 000 граѓани вечерва биле дел од денешниот марш, кој судејќи според организаторите, се работи за протест организиран од некои од опозиционите политички партии.

По 16-минутниот молк за 59-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ минатата недела, учесниците на протестот побараа транспарентна истрага и одговорност за трагедијата.

Протестот започна на плоштадот Македонија, по што маршот продолжи пред зградата на Собранието и пред Градската болница каде се даде аплауз на здравствените работници. На крај заврши пред Владата.

Претходно, во текот на денот, собирот на Филозофскиот факултет наречен „студенски пленум“ доживеа фијаско. Студентите јасно се оградија од намерите за злоупотреба на трагедијата во Кочани за политички цели.

Во текот на викендот, јавноста беше разбранувана откако на социјалните мрежи осамна видео од средба на апликацијата Зум, на која инструкторка од Србија обучува „пленумци“, меѓу нив и припадници на политичка партија, како да се организираат за да ја искористат трагедијата во Кочани за да покренат масовни протести во Македонија, по примерот на Србија.

Поврзани вести