Skip to main content

Бесплатно мерење на шеќер во крвта и подготовка на здрава храна во неготинско Вешје

Бесплатно мерење на шеќер во крвта се реализираше денеска во неготинското село Вешје, во дворот на руралната канцеларија на регионалното еколошко друштво „Ековита“ од Неготино. Еко-активистите организираа и работилница за подготовка на здрава храна со низок гликемиски индекс, со која ги пречекаа претставниците на неготинското здружение „Гликовита“ и кавадаречките „Слатка насмевка“ и „Визија“.

Овој настан беше идеална прилика да се запознаат со активностите и иновативните практики на „Ековита“ во областа на циркуларната економија и еколошкиот развој. Разговаравме за тоа како нашите проекти во Вешје создаваат систем во кој природата и човекот работат во хармонија. Посебна гордост ни е што на работилницата беа претставени и автентичните локални производи од вредните раце на жителите на село Вешје. Покажавме дека најздравата храна е токму онаа што потекнува од нашиот крај, одгледана со љубов и грижа – истакнаа од „Ековита“ во изјава за МИА.

Претседателката на „Гликовита“, Кристина Тодорова нагласи дека преку практична работа и дружење, докажуваат дека здравиот оброк е лесно достапен, вкусен и лековит.

Претседателката на Здружение на дијабетичари „Слатка насмевка“ од Кавадарци, Соња Ристовска порача дека е многу важно здруженијата заеднички да соработуваат за поздрав живот, со цел да се развие свеста за значењето на чистиот воздух, здравата исхрана и физичката ативност, за да се спречат компликации од дијабет.

Претседателката на „Гликовита“, Кристина Тодорова нагласи дека преку практична работа и дружење, докажуваат дека здравиот оброк е лесно достапен, вкусен и лековит.

Овој настан е чин на солидарност и потврда дека кога заедницата е сплотена, квалитетот на животот се подобрува за секого. Заедно учиме како храната може да биде наш најголем сојузник – подвлече Тодорова.