Skip to main content

Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

Facebook / Bekim Sali

На денешната седница на Владата, Беким Сали и официјално е именуван за Прв заменик-претседател на Владата.

Ова именување за мене не претставува само функција или титула, туку голема доверба и сериозна морална и национална обврска, да бидам во служба на секој граѓанин, без никаква разлика, сè до целосната реализација на проектите што се од суштинско значење за сите граѓани. Оваа Влада, во изминатите речиси две години, покажа дека кога постојат волја, визија и посветеност, резултатите не изостануваат. Вработувањето и унапредувањето на илјадници млади луѓе, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за сите општини, решавањето на прашањето со Медресето, како и економскиот раст и развој, се конкретни дела што зборуваат погласно од какви било зборови, објави Сали.

Истакна дека, како владата ги очекуваат бројни проекти и сериозни предизвици. Додава дека ќе продолжат да работат максимална посветеност, енергија и висок мотив, со цел секое ветување дадено пред граѓаните да се претвори во конкретни активности и видливи резултати.

Поврзани вести