Skip to main content

Андоновски: Со измените на Законот за електронски комуникации го спречуваме нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната 34-та седница на Собранието на Република Македонија, се обрати пред пратениците каде што ги презентираше предлог измените на Законот за електронски комуникации со кој се забранува нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа.

Се соочуваме со една драматично влошена состојба во поглед на игрите на среќа, кој што за жал е во подем и во нашата држава, но и во регионот, најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од оваа пандемија особено од нелегалните игри на среќа кои што се организираат преку нелегални онлајн платформи. Измените на законот ќе ни дозволат како институции да го спречиме ова нелегално приредување на онлајн игрите на среќа, кое претставува опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежните картички на граѓаните бидејќи врз овие провајдери нема никаква контрола – изјави во своето обраќање Андоновски

Андоновски го објасни начинот со кој овие измени ќе им овозможат на институциите да се справат со ваквите нелегални појави.

Измените на овој закон ќе ни овозможат како министерство во соработка со Министерството за финансии и АЕК да се справуваме со овие прашања, на начин што по добиено известување од државниот приредувач на игри на среќа за оние провајдери кои што немаат добиено соодветна лиценца и верификација на истата од страна на Министерството за финансии на кои ентитети се издадени лиценци, Министерството за дигитална трансформација ќе испрати налог до АЕК за прекинување на правото на пристап до овие веб страници на оние граѓани од Република Македонија кои што сакаат да пристапат до овие веб страници, а во втората фаза овој закон ни дозволува и можност за прекршочни одредби -појасни министерот Андоновски

Министерот своето излагање го заврши со зборовите дека очекува поддршката од сите пратеници и пратенички групи бидејќи оваа битка не е само на владата туку на целото општество против една пандемија која ни се случува во последниве години.

Поврзани вести