Skip to main content

Амбасадорот Николов одржа предавања пред студентите на Sciences Po во Анже во Франција

Амбасадорот во Париз, проф. Игор Николов, заедно со проф. Игор Србиноски, одржаа предавања за студентите на Sciences Po, една од најпрестижните високообразовни институции во областа на политичките науки при универзитетот Université Catholique de l’Ouest во Angers во Франција.

Настанот се реализираше на покана од ректорот на Универзитетот, проф. Laurent Péridy, како и од претставници на катедрата за политички науки, меѓу кои проф. Brad Safarik и проф.Olivier Landron.

Во рамки на предавањата, Николов говореше на тема „Geopolitical Dynamics and Investment Opportunitie” и за актуелните геополитички текови и потенцијалите за инвестиции во земјата.

Србиноски се осврна на темата „The Status of Diplomats according to the Vienna Conventions“, обработувајќи ги правните аспекти и меѓународните стандарди кои го регулираат статусот на дипломатите.

Предавањата беа проследени со активна дискусија и бројни прашања од студентите, што придонесе за продлабочување на знаењата и размена на искуства во областа на меѓународните односи и дипломатијата.

Во рамки на посетата, амбасадорот се сретна со студенти кои преку програмата Еразмус+ престојувале во Скопје, како и со оние кои се подготвуваат за студиски престој. Соработката меѓу универзитетите и мобилноста на студентите остануваат значаен приоритет за зајакнување на односите меѓу двете земји.

Поврзани вести