Skip to main content
Министерот за здравство на средба со претставници на Светска банка

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

Министерство за здрвство

Министерот за здравство, Азир Алиу, одржа работен состанок со регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство. 

Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ќе бидат надополнети и со дигитализација како фундаментален и сеопфатен процес на реформа на здравствениот систем, изјави министерот Алиу.

Целта на овие реформи е да се унапредат здравствените политики, да се подобри пристапот до здравствени услуги поблиску до местото на живеење, како и да се зајакне превентивната здравствена заштита.

На состанокот се разговараше околу можностите Светска банка да овозможи аналитичка, техничка и финансиска поддршка за овие процеси.

Поврзани вести