
До 20:30 часот на територијата на нашата земја има вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои активен е само пожарот во селото Балдовци, во Општина Новаци каде гори ниска вегетација. Под контрола се три пожари, а изгаснати 12, соопшти Центарот за управување со кризи.
Под контрола се пожарите во Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), во прилепските села Беловодица во местото викано Ливада и село Лењиште, каде гореше букова шума и во Општина Долнени во селата Стровија и Долгаец (мешана шума).
Изгаснати се 12 пожари и тоа:
1. Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума);
2. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица, планински врв Китка (мешана шума);
3. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума);
4. Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација);
5. Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација);
6. Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
7. Општина Битола: м.в. Тепсија (ниска вегетација);
8. Општина Прилеп: кај Дата Центар во Прилеп (ниска вегетација);
9. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација);
11. Општина Врапчиште: с. Тумчевиште (ниска вегетација);
12. Општина Чешиново – Облешево: кај објектот Мак Млин (ѓубриште, гуми).