
Денеска се навршуваат 25 години од заседата на армискиот конвој кај Карпалак во која убиени беа десет припадници на Армијата на Македонија.
На 8 август 2001 година, на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак терористи од заседа го нападнаа конвојот на Армијата при што убиени беа десет припадници на Армијата на Република Македонија: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.
На спомен плочата кај месноста Карпалак денеска делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положи цвеќе.
Цвеќе ќе биде положено и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.

Македонски


