
Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ) го објавува Конкурсот за Награда за најдобар млад преведувач „Вавилон ЗПРМ“ за 2026 г. Рокот за поднесување на преводи е 31 јули 2026.
Конкурсот е наменет за млади љубители на книжевноста на возраст до 26 години, државјани на Република Македонија – средношколци, студенти од филолошките и сите други факултети и воопшто лица со добро познавање на некој од официјалните европски јазици и на мајчиниот јазик – некој од јазиците што се зборуваат во Република Македонија.
Ова е редок натпревар од ваков вид во Европа, па и во светот: опфаќа преводи од повеќе изворни јазици на повеќе целни јазици.
Во наредните два месеци ќе одржиме неколку информативни средби со практични вежби, за подобро запознавање на потенцијалните кандидати со процесот на одвивањето на Конкурсот и критериумите при оценувањето на преводите. За датумите ќе информираме во одделна објава.
Првата информативна средба ќе се одржи онлајн на 10 март во 19.00. Линкот за средбата ќе го објавиме неколку денови пред средбата.
Се доделува една награда, за превод со најголем број севкупни поени, и таа се состои од:
1. 60.000 денари:
2. Eдногодишно активно членство во ЗПРМ;
3. Објавување на дел од преводот во престижното списание „Културен живот“
Правилата за учество и деталите околу поднесувањето пријава, образецот на пријавата, линковите до места на кои можете да најдете извадоци од книги или раскази, како и други корисни информации, ќе ги најдете на: https://babylon.mk
Образецот на електронската пријава за учество на конкурсот ќе го најдете на https://babylon.mk/obrazecz-za-prijavuvane
За дополнителни прашања слободно пишете ни на [email protected] и ние брзо ќе ви одговоримe.

Македонски



