Skip to main content

Во чест на 70-годишнината од издавањето на првата стихозбирка на Анте Поповски, поетско читање насловено „Одблесоци“

Во чест на 70-годишнината од издавањето на првата стихозбирка на Анте Поповски, со радост ве покануваме на поетското читање насловено „Одблесоци“.

Настанот е конципиран во неколку делови со главен фокус насочен кон младите поети – учесници на Манифестацијата „Анте Поповски – Антево перо“ во изминатите седум години, како добитници на наградата „Антев часовник“ или како избрани во потесните кругови на селекција за истата награда.

Голема радост ни е што во читањето ќе се придружат и учесниците на минатогодишните работилници за креативно пишување во рамките на проектот „Поезија во фармерки“. Исто така, на настанот младите поети ќе имаат можност да разговараат со синовите на Анте Поповски, Жорж и Александар, а присутните ќе проследат и видео записи посветени на Анте Поповски.

На настанот своја поезија ќе читаат:

Емануела Ковачевска Китановска

Марија Филипова

Милена Сиљаноска

Светла Јакшиќ

Пепи Стамков

Софија Тодороска

Нино Наумовски

Ана Ѓорчевска

Александра Атанасова

Ива Пуовиќ

Мартина Костадиновска

Дарио Постоловски

Иво Донев

Михаела Стефановска

Методија Тасевски

Повелете да се дружиме на 7 март 2025 (петок) со почеток во 19.00 часот во Културниот центар „Лабораториум“.

Поврзани вести