Skip to main content

Во април почнувва санација на западиот дел од гледалиштето во театарот во Стоби

Од април се очекува да започне санацијата на мермерните седишта на западната половина од гледалиштето во театарот во Стоби. в.д. директорката на националната установа Стоби, Силвана Блажевска во интервју за МИА вели дека ако санацијата заврши годинава, ќе може овој дел да се користи за разни културни настани но со ограничен број на посетители. За повторно враќање на Интернационалниот фестивал а античка драма „Стоби“ на сцената на театарот во Стоби, Блажевска вели дека ќе се причека некоја година. ИФАД „Стоби“ веќе неколку години поради небезбедното гледалиште, наместо во театарот во Стоби, се одржува на сцената на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот во Велес.

Во интервјуто, Блажевска открива дека фокусот на истражувањата во Стоби годинава ќе биде ставен на Градбата со арки, на доистражување на големата сала и конзервација на ѕидовите.

Блажевска, која е и археолог со долгогодишно истражувачка работа во Стоби, во интервјуто зборува и за плановите за работата во Стоби во 2025 година согласно одобрените средства од Министерството за култура и туризам.

Овој локалитет, минатата година го посетители 20.000 посетители, а рекордна посетеност имало во 2023 година кога се регистрирани 20.555 посетители.

Поврзани вести