Skip to main content

Утре во Париз се отвора изложбата посветена на „Болеро“, оркестарското дело на Морис Равел

Утре, (вторник, 3 декември), во Париз ќе биде отворена изложба во Cite de la Musique посветена на „Болеро“, оркестарското дело на Морис Равел кое доживеа глобален успех, пренесуваат француските медиуми.Симфониското дело, поставено на музика во 1928 година и за прв пат изведено на 22 ноември истата година во париската опера Гарние, првично било музика за балет што познатата руска балерина Ида Рубинштајн му ја нарачала на Равел, нејзиниот пријател, чиј покровител била таа.

На изложбата во Градот на музиката, која опфаќа неколку музички институции во Паркот де ла Вилет, во 19-тиот арондисман на Париз, публиката ќе може да се нурне во историјата на ова дело кое се сметало за авангардно и ќе да може да види бројни предмети, како партитури, метрономи и облека и мебел, но и фотографии кои ја откриваат личноста на композиторот и да слушаат досега невидена изведба на „Болеро“ во изведба на парискиот оркестар на огромен екран.

Поврзани вести