
Со Поетско читање во големиот салон на Галерија „КО -РА“ денеска во Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје е одбележан 8 Март, Меѓународниот ден на жените.
На Поетското читање учествуваа преку триесеттина поети, писатели, преведувачи и други учесници, како дел од мултимедијалниот проект кој ги обединува уметностите, насловен „ Жените од светот низ историјата“ -“Жената симбол и инспирација“.
-Проектот е и мултимедијален и мултикултурен, со учество на бројни поети, ликовни уметници – сликари, скулптори, графичари, фотографи, модни дизајнери… Свеченото отворање на овој традиционален мултимедијален проект, се одржа вчера на 7 март со настап на хорот ХМД „Кочо Рацин“- Скопје и со отворање на групната мултимедијална изложба „ Жените од светот низ историјата“ -“Жената симбол и инспирација“ со учество на четириесетина учесници, меѓу кои и истакнати ликовни уметници и други наградувани автори. Куратор на проектот е Виолета Калиќ, а модератор на Поетското читање е Елеонора Николовска, велат од „КО -РА“.
Со интерпретација на свои поетски стихови, како и со перформанси меѓу другите настапија и Лилјана Стоилковска, проф. д-р Виолета Ачковска, Лидија Лучко Јеремиќ, д-р Игор Поп Трајков, Соња Манасиевска Конеска, Андрија Дојчиноски, Александар Таневски,…