
Театар Комедија патува со две комедии на престижниот БОК Фест во Бјеловар во Хрватска: На 30 април, на отворањето на фестивалот, ќе биде изведена претставата Илуминати во режија на Синиша Евтимов, а следниот ден на 1 мај нашиот театар ќе се претстави со Пар распар во режија на Нина Николиќ.
БОК Фест е еден од најзначајните театарски фестивали во регионот, основан во 2003 година, кој секоја година привлекува врвни театарски продукции од Хрватска, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.