
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја најавува студентската изложба со наслов „Збирка“, која ќе биде отворена на 24 декември 2025 година (среда) во Галеријата ФЛУ, објект Педагошка, во периодот од 19:00 до 23:00 часот.
Изложбата ќе претстави избор на дела од студенти на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики, Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, Катедрата за графика и трансмедиумски практики, како и од Катедрата за педагогија при Факултетот за ликовни уметности, од сите четири години на студии.
Преку дела реализирани во различни ликовни медиуми, вклучувајќи сликарство, скулптура и графика, изложбата ја прикажува актуелната продукција на студентите и нивните разновидни тематски и авторски пристапи.
Настанот ќе биде збогатен со музичка селекција од DJ Gianni Filipo, со што ќе се создаде дополнителен амбиент за посетителите.
Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 10.01.2026 година.

Македонски






