
Го започнуваме месецот со заедничка дружба посветена на женското творештво и ве покануваме на целодневна дружба на 7 март од 12:00 часот во нашата кафе-книжарница
Освен селектираниот избор на книги од авторки кои ќе може да ги пронајдете во нашата книжарница, атмосферата ќе ја збогати и нашата Наташа Гелева – Лени со нејзин музички сет. Ве поттикнуваме да земете инспирација за облека од вашите омилени книжевни хероини или од авторките што секогаш ги препрочитувате.
Дојдете за заедно да ги отпочнеме сончевите денови и да се дружиме на денот пред 8 Март!

Македонски

