
Филхармонија денеска соопшти дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.
Македонската филхармонија во овие тешки моменти за сите нас, сочувствува со семејствата на жртвите во страотната несреќа во Кочани. Ве информираме дека нашиот концерт „Без зборови“ во четврток на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан. Нека им е светол патот, сочувство до најблиските, болката е неизмерна, се вели во објавата на Филхармонија на нивната фејсбук страница.
Диригент на концертот е Габор Холерунг (Унгарија), а солист е Џовани Скарпета – трoмбон (Колумбија). На програмата се дела од Барбер, Томаси и Барток.