Skip to main content

Награди за режисерот Дејан Пројковски и актерите Александар Степанулевски и Јелена Жугиќ за „Падот на Масада“ на Фестивалот „Стоби“

Со свечено доделување на наградите синоќа, во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, е заокружено 23. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“ што се одржа од 15 до 24 септември во Велес.

Жири-комисијата во состав Весна Димитровска Бобевски, претседател, Кети Борисовска, член и Пеце Ристевски, член, ги донесе одлуките за најуспешните остварувања на фестивалот, при што признанијата им беа врачени на добитниците на завршната фестивалска свеченост.

Гран при за најдобра претстава ѝ припадна на „Лисистрата“, во продукција на Народно позориште ,,Тоша Јовановиќ“, Зрењанин од Србија. Наградата за главна женска улога и’ е доделена на Јелена Жугиќ, додека признанието за најдобра главна машка улога му припадна на Александар Степанулески, членови на Драмски театар Скопје, за улогите во претставата ,,Падот на Масада“. Наградата за најдобра режија ја доби Дејан Пројковски, за режија на претставата ,,Падот на Масада,, во продукција на Драмски театар Скопје.

Награда за најдобра женска улога и е доделена на првенката на Драмски театар Скопје Јелена Жугиќ за изведбата во претставата ,,Падот на Масада“. Во Одлуката на жирито се истакнува дека: „Јелена Жугиќ во оваа комплексна продукција прикажува исклучителна актерска зрелост, суптилност и моќна сценска харизма. Исправена пред предизвикот да одигра повеќе карактери во колажниот наратив на Венко Андоновски, Жугиќ успева да создаде длабоко врежани, психолошки прецизни и емотивно повеќеслојни женски ликови“.

Во клучните аргументи за оваа одлука се наведува дека:

„Јелена Жугиќ во „Падот на Масада“ носи специфична, силна емотивна тежина и суптилен цинизам. Во претставата таа брилијантно балансира меѓу историскиот патос и современата отуѓеност и ладнокрвност во модерните сцени. Таа со фасцинантна леснотија се трансформира низ историските епохи — носејќи ги архетипските мотиви на простувањето и љубовта во воведот, за подоцна вешто да премине во остар, модерен и деструктивен регистар каде што нејзините ликови ја рефлектираат моралната ерозија на современото општество“.

Во одлуката е нотирано дека: „Наместо екстравагантни драмски гестови, Жугиќ избира минималистички, но исклучително силен израз. Таа маестрално владее со внатрешниот психолошки притисок на своите ликови, правејќи ги сцените на тишина еднакво моќни и зборливи како и дијалозите“. Жугиќ е столб на партнерската и ансамбл-играта: „Нејзиното присуство на сцената обезбедува извонреден естетски контрапункт на машките протагонисти. Таа со извонредно чувство за партнерска игра го засилува интензитетот на заедничките сцени, истовремено доминирајќи со својот индивидуален актерски интегритет“.

Јелена Жугиќ

Наградата за најдобра машка улога жири комисијата му ја додели на актерот Александар Степанулески. Со овој перформанс, тој докажува дека поседува врвна актерска зрелост, заслужувајќи го највисокото признание за машка улога на овогодинешното издание на фестивалот „Стоби“.

Во образложението се вели: „Александар Степанулески во претставата „Падот на Масада“ остварува импресивно, виртуозно и длабоко суптилно актерско достигнување, кое го потврдува неговиот исклучителен дијапазон и сценска моќ. Исправен пред предизвикот на сложената колажна структура на текстот, Степанулески маестрално води неколку дијаметрално спротивни ликови низ различни историски епохи“.

Клучните аргументи за оваа одлука се неговата маестрална актерска трансформација: „Со неверојатна емотивна и физичка прецизност, тој непречено преминува од улога во улога — градејќи го авторитетниот и трагичен лидер на Евреите во античка Масада, преку психолошкиот притисок на војводата на комитската чета, па сè до гротескниот фанатизам во ликот на Адолф Хитлер“.
Жири комисијата кај Степанулески го потенцира неговиот контраст и сестраност во играта: „Посебно се издвојува неговата способност за остар премин од големи историски и „возвишени“ фигури кон дијаметрално спротивниот регистар на мал, современ лик како младиот компјутерски програмер во модерното доба, со што ја демонстрира својата фасцинантна актерска пластичност“.

За неговото силно сценско присуство и психолошка доследност се вели: „Степанулески со ист магнетизам доминира и во моментите на експлозивен драмски набој и во камерните сцени на тишина. Неговата игра е темелот врз кој се развива главната теза на претставата — деконструкцијата и падот на идеалот за херојство низ вековите“.

Жири-комисијата на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ одлучи Наградата за најдобра режија да му ја додели на Дејан Пројковски за претставата „Падот на Масада“ во продукција на Драмски театар Скопје.

Дејан Пројковски во претставата „Падот на Масада“ демонстрира исклучителна режисерска зрелост, храброст и инвентивност, нудејќи комплетно ново толкување на концептот на сценскиот простор и динамиката на ансамблот. Водејќи ја претставата низ сложена, колажна драматуршка структура составена од шест различни историски епохи, Пројковски успева да изгради хомогена, течна и моќна театарска целина.

Во одлуката се истакнува мајсторски диригираниот театарски ритам: „Режисерот гради прецизно сценско крешендо, балансирајќи меѓу трагичниот патос на антиката и суровата, тривијална реалност на модерното доба. Тој не дозволува транзициите меѓу епохите да бидат само паузи, туку ги претвора во органски дел од драмата.

Бришење на „четвртиот ѕид“ и сценска кохезија: „Преку смелата одлука за активно вклучување на техничката екипа и самата публика во срцето на сценското дејство на малата сцена, Пројковски создава ретка катарзична атмосфера каде гледалиштето и сцената дишат како едно“.

Виртуозно водство на актерскиот ансамбл: „Наместо својата препознатлива сценска грандиозност, режисерот овде се фокусира на камерниот, микро-простор, овозможувајќи им на актерите виртуозни и брзи емотивни трансформации кои силно резонираат со публиката“.

„Преку овие решенија, Пројковски не само што успешно го материјализира комплексниот текст на Венко Андоновски, туку во контекст на фестивалот „Стоби“, отвора суштински дијалог за тоа како митот за античката жртва одекнува, паѓа и се преиспитува во денешното индивидуалистичко општество. Поради овие причини, ова остварување се издвојува како врвно режисерско достигнување на овогодинешното фестивалско издание.“- се вели во образложението на жири комисијатана 23. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“. Највисокото фестивалско признание – Гран-при (Grand Prix) за најдобра претстава во целина да ѝ се додели на претставата „Лисистрата“ во изведба на Народно позориште „Тоша Јовановиќ“ од Зрењанин, Србија, а во режија на Никола Завишиќ.

Во образложението на одлуката на жирито се вели:

„Претставата „Лисистрата“ на ансамблот од Зрењанин претставува тотален театарски триумф кој на овогодинешното фестивалско издание донесе беспрекорна естетска заокруженост, извонредна енергија и радикално свеж поглед кон класичното наследство. Ова остварување се издвојува како врв на фестивалската програма поради својата способност античкиот бунт на Аристофан да го преточи во суров, кадарен и експлозивен современ театарски крик.

Клучните столбови за оваа највисока одлука на жири комисијата се: Храбра драматуршка концептуализација и јазична сочност, полифона колективна игра и силна женска енергија, музички ритам, прецизна кореографија и супериорна визуелизација на претставата. Со овој бескомпромисен уметнички ангажман, „Лисистрата“ на Интернационалниот фестивал „Стоби“ ја исполни примарната мисија на античката драма – да провоцира, да ги урива табуата и да го воодушеви гледачот преку чиста, сирова и виртуозна сценска магија. Поради тоа, претставата сосема заслужено се закитува со највисокото признание Гран-при.“

По доделувањето на наградите, во чест на наградените синоќа беше изведена претставата „Сите прекрасни нешта“, во продукција на Народниот театар Штип со што се затвори уште едно издание на ФАД „Стоби“, фестивал кој низ својата програма ја продолжува традицијата на поврзување на античката драмска литература со современиот театарски израз.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetmarsbahisjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet giriş