
Во седиштето на УНЕСКО во Париз, амбасадорот проф. д-р Игор Николов се потпиша во свечената книга подготвена од семејството на УНЕСКО по повод официјалната посета на Неговата Светост Папата Лав XIV.
Како што соопшти Амбасадата на Македонија во Франција, во својата порака, амбасадорот Николов ги истакна универзалните вредности на мирот, човечкото достоинство, солидарноста и меѓусебното разбирање, пренесувајќи и стихови од македонска песна.
Порака за почитување на достоинството на секој човек и за свет изграден врз мир, дијалог и заемно почитување, порача Николов.

Македонски


