Skip to main content

Сиљановска-Давкова ги прими уметниците кои утревечер ќе го отворат Охридско лето

Кабинет на претседателот на државата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими уметниците кои што со својот настап утревечер ќе го отворат 65. издание на фестивалот „Охридско лето“: американската пијанистка Клер Хуангчи и диригентот Едвин Аутвотер, како и танчерите Клаудија Ракел Да Силва Мартинс и Рафаел Португуеса, предводени од директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, во придружба на селекторите Симона Ѓорчева и Ненад Витанов.

фото: Кабинет на претседателот на државата

Како што информираат од нејзиниот Кабинет, претставниците на фестивалот ја информирале претседателката за програмата на 65. Охридско лето, предочувајќи ја нејзината разновидност и квалитет.

Охридско лето веќе шест и пол децении ги обединува музиката, театарот и уметноста, рекла претседателката и додала дека „секој изведувач испишува уникатна приказна во историјата на фестивалот“.

Гостите од Соединетите Американски Држави и од Португалија, освен благодарност за поканата да учествуваат на овој реномиран настан, искажале и воодушевување од убавините на Охрид.

Поврзани вести