
Рекордни 396 автор од цел свет се пријавија на 22 по ред Меѓународен салон за стрип „Велес 2025″. Од нив 164 се од нашата земја .
Сите пристигнати дела ќе бидат прегледани од жири комисија составена од стрип и ликовни дејци од Велес, а дел од нив ќе бидат изложени на свеченото отварање на Меѓународниот стрип салон во Велес, најзначајна стрип манифестација кај нас.(20.08.2024 во Велес)
Според Томе Трајков , програм координатор на Стрип центарот на Македонија, надминувањет на ланската рекордна цифра се должи на континуираната активност како во, така и надвор од нашата земјаа. Освен докажани стрип мајстори многу радува откривањето на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на соработката со училиштата ширум државата, вклучено и ликовните педагози, но и со специјализирани едукативни студија. Скопје како метропола е солидно застапен но деметрополизацијата во делувањето на СЦМ исто така ги дава своите резултати .
Што се однесува до мегународните контакти , добра основа претставува и постојаната соработка со стрип сцената од поранешните Ју републики , но сакако и комуникацијата со автори од Западен балкан и други континенти.
За зголемување на вкупниот број на пријавени стрипови на овој конкурс ,секако треба и зголемена поддршка во смисол на ; зголемен фонд на награди, присуство на наградените автори на свеченото отварање , составување на жири од мегународни стрип автори и тн… потенцира Трајков.
Мегународниот стрип конкурс, како и Мегународната стрип колонија се два дела од Меѓународниот стрип салон „Велес 2025 ” . Како засебни , но секако поврзани проекти се финансирани од страна на Министерството за култура и туризам на Македонија како и општина Велес.