
На 27 март 2026 во 17 часот во културниот центар КУЛТ во Охрид ќе се одржи разговор за охридскиот писател ТОДЕ ИЛИЕВСКИ. Во разговорот, во рамките на читачкиот клуб ОДРАДЕК, ќе учествуваат: Никола Гелевски, Ѓоко Здравески, Марина Шокева и Смиле Наумоски Брсјак.
На истото место, во Култ, во 19 часот истиот ден ќе се одржи и промоција на ДОБРО ПРАШАЊЕ, психолошка игра со карти. Играта ќе ја промовираат, низ играње и разговор: Марија Христовска, Каи Гладкова, Никола Гелевски, Ѓоко Здравески…
Настаните се случуваат во рамките на проектот ДИСЕНЗУС.
Проектот „Дисензус“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд.

Македонски



