Skip to main content

Промоција на „Скапо е сонцето“ од Јовица Ивановски во „Лабораториум“

Во понеделник, на петти мај, со почеток во 21 часот, во „Лабораториум“ во Скопје, ќе се одржи промоција на поетската книга „Скапо е сонцето“, од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовира проф. др. Лидија Капушевска-Дракулевска, а песни ќе чита поетот Андреј Ал-Асади.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на деветнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Поврзани вести