Skip to main content

Промоција на монографијата „Македонски народен театар 1945-2025 драма: Приказни поголеми од времето“

Во фоајето на Македонскиот народен театар денеска напладне ќе се одржи промоција на монографијата „Македонски народен театар 1945-2025 драма: Приказни поголеми од времето“. Уредник на изданието е д-р Ивана Јарчева, кустос.

Монографијата излегува од печат во годината кога МНТ слави осумдесет години постоење.

Тоа е издание кое ги слави овие изминати години поминати во креативна работа, развој и успеси. Низ фотографии, плакати и скици и приказните на дел од личностите кои биле и се дел од МНТ се раскажува историјата на театарот и сите оние чинители кои го направија МНТ она што значи денес, наведува МНТ.

Поврзани вести