
Народниот театар во Штип, во соработка со здружението „Артонаут“, вечерва (9 јули) од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Сладолед за жени“ во рамките на Штипско културно лето. Режијата е на Никола Ристов, а претставата е работена по мотиви на современата романсиерка Мишел Лов.
Во оваа трагикомедија игра познатата штипска актерска тројка Анѓелка Нашкова, Елена Шорова Дербов и Марија Минчева-Андонов.
„Во свет во кој никој не е целосно невин, а никој не е доволно паметен да ја сокрие вистината, вкусот останува и не поминува лесно затоа што човечката глупост може да биде опасна, а понекогаш и трагикомична“, вели режисерот Ристов.
Влезот е слободен, а поради големиот интерес сите билети се веќе резервирани. Театарот најави репризна изведба на 17 јули во истиот термин.

Македонски



