Skip to main content

Премиера во Битолски театар

Сите зборуваат за него, а сега дојде време и да го видиме: „Чорбаџи Теодос“ – комедија напишана од Васил Иљоски, во ново светло, но со истата сурова вистина. 26 мај (понеделник), 20:00 часот, НУ Народен театар Битола.

„…И што бил животот. Лажливен, лизгав: одиш, одиш, исправен, силен, чист и – одеднаш паднат во кал, извалкан, смачкан… Живот!“
„Во животот, Теодосе, има многу пострашни работи. А најстрашни се: лошо срце, лакомо око и граблива рака.“

Режисерот – Дамјан Димовски и актерска екипа што ги вади ликовите од хартија и ги фрла меѓу вас – живи, гневни и опасно реални,ќе ви одговорат на овие прашања:
– Кој е денешниот Чорбаџи Теодос?
– И колку од него има во нас?

Ве очекуваме на премиерата – заедно да ја доживееме оваа комедија на интригата, што зборува за сите нас, велат во објавата од битолскиот театар.

Билети онлајн на следниот линк: https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-premiera/

Поврзани вести