
Кумановци утре ќе имаат можност да ја проследат премиерата на „Сакатиот од Инишман“ во режија на Јане Спасиќ, работена од авторот Мартин Мекдона, информираа на денешната прес-конференција актерите. Премиерата е закажана за утре со почеток во 20 часот.
Режисерот Спасиќ во пишаната изјава укажува дека е ослична професионалната соработка со кумановскиот театар и дека и повторно се враќа со неговиот омилен автор Мартин Мекдона и претставата „Сакатиот од Инишман“ во уште еден позначаен момент во животот.
-На публиката ќе им донесеме приказна која и ќе ги насмее и ќе им ги размрда срцата, нешто што е карактеристика за творештвото на Мартин Мекдона. Освен, убавите моменти од процесот ќе излезам со една тажна мисла, а тоа се импровизираните сценски услови во кои работи ансамблот, кој од петни жили се бори со условите за работа. Иако, театарот може да се игра секаде, тоа не треба да биде пораката денес во 2025 година. Културата се грижи за луѓето и публиката и ги издигнува културно и духовно, но треба да има цврсто тло за тој културен чин. Секој ден додека се одложува решавањето на ситуацијата со театарот во Куманово, градот и Македонија ќе ги губат најубавите години на овој талентиран ансамбл, а Куманово секој ден губи дел од својата душа. Овој ден е за славење на премиерата, но и за заложба за културата, пишува Спасиќ.Во претставата играат Кети Дончевска Илиќ, Нина Максимова, Мирослав Петковиќ, Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски, Анастасија Трајковиќ, Марко Трајковиќ, Давид Илиќ, Владанка Крстевски, Марко Трајковиќ, Давид Илиќ и Владанка Крстевски.
Актерите на прес-конференција ги поканија кумановци да ја проследат претставата и се надеваат дека долго ќе се игра.
– Ова е претстава на чудни ликови, слободни во изразот, говорот. Се работи за мала група луѓе сместени на мал остров во Ирска. Нивниот живот е испреплетен се навредуваат, се сакаат … и покрај некоја суровост се работи за исклучително чувствителни луѓе кои носат длабока емоција на емпатија и сакање на другиот, кажа Илиќ.
Актерите кажаа дека претставата ќе се игра повторно на 20-ти декември во ист термин, бидејќи билетите се распродадени.

Македонски






