Претставата „Да живее Долна Дупка“ од Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот во Театар Комедија.
Во претставата играат: Горан Ников, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Жаклина Стевковска.
Соработката на Театар Комедија со овој македонски театарски и филмски глумец, режисер и драмски автор продолжува на барање на публиката на Театар Комедија, која го познава творечкиот набој на Коле Ангеловски преку досегашните две успешни претстави на сцената на Театар Комедија, „Ах, љубов моја“, претстава со која и официјално почна да работи Театар Комедија во 2012 година и „Не сега драга“ од Реј Куни во 2018 година, велат од Театар Комедија.
Сценограф и автор на плакатот е Илина Ангеловска, костимограф на претставата е Марија Ѓоргиевска, автори на музика Оливер Митковски и Андреја Ристевски, фотографиите на Кире Галевски, проекциите на Михаил Петров.
Првата реприза е закажана за 30. јануари.
фото: Театар Комедија