Skip to main content

Почнува конзервација на покривната конструкција на Манастирскиот комплекс во Водоча

НУ „Завод и Музеј Струмица“

Стручни лица од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица извршија увид на терен во Манастирскиот комплекс „Св. Леонтиј“ во Водоча, во рамки на подготовките за реализација на капиталниот проект за конзервација на покривната конструкција на овој значаен сакрален објект, информираа од оваа установа.

Проектот, кој е поддржан од Министерството за култура и туризам, има за цел заштита и унапредување на архитектонско-историското наследство. За реализацијата на оваа активност, за 2025 година, се одвоени финансиски средства во висина од 1.200.000 денари, се наведува во информацијата.

Се очекува со интервенцијата да се обезбеди долгорочна заштита на манастирот од атмосферски влијанија и да се создадат услови за негова поголема валоризација и посетеност. 

Поврзани вести