Skip to main content

Писателите за писателот Тоде Илиевски

Денеска , четврток на 6 март од 12.00 часот  во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  ќе се соберат колегите писатели и колегите од библиотеката и  преку настанот „Писателите за писателот Тоде“ преку избор од негови песни и свои стихови ќе  се потсетат на животот и творештвото на покојниот Тоде Илиевски.  Да беше жив на 7 март Тоде ќе го славеше 73 роденден.

Илиевски е позна македонски  поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист од Охрид.

Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како просветен работник во повеќе места во Западна Македонија. Бил директор на Радио Дебар и на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Член на Друштвото на писателите на Македонија беше од 1994 година. Учествувал во работата на редакциите на „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Одделни песни му се препеани на други јазици. Застапуван е во антологии, избори и учебници. Преведува од словенските јазици.

Илиевски е автор на следниве дела: „Ведро едро“ (поезија за деца, 1990)

„Концерт за шумите“ (поезија, 1992) „Изворите во горите“ (поезија за деца, 1999) „Зелен блен“ (поезија, 2001) „8X8 by Tode Ilievski – 64 selected problems 1977 – 2002“ (шаховски проблеми, 2002) „Лов на Лебедовото Езеро“ (поезија, 2008) „Приватните библиотеки во Охрид и Охридско“ (лексикон на приватни библиотеки во соавторство со Виолета Мартиновска, 2008) „Липов чај“ (поезија за деца, 2009) „Ќерката на поетот“ (поезија, 2011) „Белиот предел“ (поезија за деца, ПНВ Публикации, 2021)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).

Писателот Тоде Илиевски е добитник на следниве награди:

Повелба на Св. Климент (за творештво, 2002)

Награда на Празникот на липите (за песна, 2003 и 2006)

Награда на фестивалот Славјанска прегратка – Варна (за песна, 2008)

Награда на Издавачката куќа „Феникс“ (за краток расказ, 2008)

Награда „Ванчо Николески“ (за најдобра стихозбирка за деца, 2010)Ш8Ќ

Во 2023 година Тоде Илиевски постхумно беше  прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ .

Поврзани вести