Skip to main content

Патувачката изложба за балканскиот рис во Скопје

Патувачката изложба за балканскиот рис којашто по седум посетени места низ Македонија, за првпат доаѓа и пред скопската публика ќе биде поставена во „Лабораториум“ во четврток, 5 март од  19 ч.

„Изложбата ја организираме во рамките на регионалната Програма за закрепнување на балканскиот рис (Balkan Lynx Recovery Programme) со желба да ви ја доближиме убавината и реткоста на балканскиот рис, но и да доловиме како изгледа нашата теренска работа.
Избраните дваесетина фотографии се дел од најефектните „уловени“ кадри, од кои повеќето се направени со фотозамки – метод што го користиме веќе 18 години. Преку нив ќе може да видите како изгледа „домот“ на балканскиот рис, до каде се протега, зошто е загрозен, која е нашата прва фотка од рисот“, велат од Македонското еколошко друштво!

Од таму велат дека ако дојдете на отворањето, ќе слушнете интересни факти за рисот и ќе имате и можност директно да го прашате тимот на МЕД за што било поврзано со теренското искуство!
Изложбата е наменета буквално за сите возрасти! Влезот е слободен, а во Скопје ќе биде отворена цел месец, сè до 5 април.

Поврзани вести