Skip to main content

Панел-дискусија за театарските врски меѓу Бугарија и Македонија и европските перспективи

Во Бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје се одржа меѓународна панел-дискусија на тема „Театарските односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија – Актуелен статус и европски перспективи“.

На конференцијата, како што јави БТА, учествуваат претставници на театри од Пловдив, Благоевград, Велес, Скопје, Куманово, операта во Варна, невладини организации кои работат во областа на театарската уметност, Факултетот за драмска уметност во Скопје, консултантски куќи. 

Учесниците на конференцијата, организирана од Амбасадата на Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, разговараат за новите начини на соработка и развој на театарските односи меѓу двете земји и за можностите што ги даваат европските фондови за развој на културната сцена.

Двата панела во рамки се посветени на европските перспективи на добри примери и позитивни искуства и меѓународните театарски мостови меѓу институционалниот и невладиниот сектор, а учесниците присуствуваа на операта „Пикова дама“, со која Државната опера Варна гостуваше на сцената на Националната опера и балет на Македонија

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort